ЕУ ќе им даде по 2 000 евра на мигрантите кои ќе се вратат во своите земји

0
146

ЕУ ќе им плати по 2.000 евра на мигрантите од пренатрупаните кампови во Грција кои се подготвени да се вратат во своите татковини, пренесува BBC.

Стотици мигранти и бегалци овој месец со брод стигнаа до грчките острови во близина на Турција зголемувајќи го притисокот врз центрите за прием. Во камповите веќе има повеќе од 37.000 мигранти иако може да примат само 6.000.