Колемишевски: Во новиот мандат ќе обезбедиме нови 100.000 работни места и рекорден раст на платите

0
90

СДСМ како одговорна партија за помалку од три години, преку успешни економски политики, успеа да ја извади државата од финансискиот колапс во којшто беше заглавена, рече денеска на прес-конференција Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ.

Успеавме да ја кренеме економијата и да ја поставивме на стабилни и реални основи.

До крајот на мандатот, до 2024 година, ќе отвориме 100.000 нови работни места. Ако за 2,5 години успеавме да отвориме 60.000 конкретни работни места главно во реалниот сектор, знаеме и можеме за полн мандат од 4 години да отвориме 100.000 нови работни места.

Поддршката за домашни и странски инвестиции ја зголемуваме и ја проектираме во износ од 300 милиони евра до крајот на мандатот. На ова додаваме уште 300 милиони евра европски средства за развој на домашната економија. Тоа се вкупно 600 милиони евра за развој на бизнисот, за фирмите, за нови работни места, за иновации, за стартапи, за младите, за работа тука дома, во нашата татковина.

Невработеноста ќе ја донесеме под 8%, а кај младите под 20% кај младите.

Денес оваа стапката на невработеност изнесува 17,1 кај општата популација и 35 отсто кај младите и е сериозно намалена во споредба со 2017 година.

Во новиот мандат растот на платите продолжува и тој ќе биде и уште побрз и посилен. Просечната плата ќе порасне на 36.000 денари, а минималната на 18.000 денари или 600 евра просечна и 300 евра мининална плата.