„Корона“ вирусот одложува спортски настани ширум светот – УЕФА реши: Два дуели во европските купови без публика

0
195

Проблемите со Корона вирусот се одразуваат и во спортот.

Кај нас засега нема одложување на настани, но се игра пред празни трибини, а така е и ширум светот, пред се каде вирусот е многу по распростанет.

Во наредните три дена вниманието на европската фудбалска јавност ќе биде насочено кон реванш осминафиналните дуели во Лигата на шампионите, а потоа и првите дуели од истата фаза во Лига Европа.

Иако Европа пред се Италија се бори со проблемите со Корона вирусот, сепак УЕФА барем засега не размислува да ги откаже дуелите во ЛШ и ЛЕ.