Малолетник од Скопје уапсен поради поседување марихуана

0
74

На 08.03.2020 во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Руѓер Бошковиќ“ ги лишиле од слобода К.К.(24) и 16-годишник, двајцата од Скопје.

При извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.