ПОЛИЦИЈА ГИ СПРЕЧИ АВТОБУСИТЕ НА НЕХАР ТУРС ДА ЗАМИНАТ ВО ЦРНА ГОРА

0
87

Автобусите на туристичката агенција Нехар турс, кои вчеравечер се упатиле кон Црна Гора, со полициска придружба биле вратени од граничен премин. Возачите одбивале да се вратат, но на крајот се согласиле да ги свртат автобусите и да ја следат полициската придружба која постапила соодветно со мерките на владата за заштита од коронавирусот. Турата била предвидена да пристигне на денот кога треба да се затвори фестивалот на мимозите и каде што требаше да има концерт Жељко Јоксимовиќ кој го откажа концертот.