По извршен претрес полицијата приведе пет млади лица во Скопје

0
82

Во текот на изминатитиот ден полицијата приведе пет лица на неколку различни локации низ Скопје поради нелегално поседување на марихуана и ладно оружје.

„На 16.03.2020 во 02.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Вич“, го лишиле од слобода Д.Т.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.03.2020 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ѓорче Петров“, го лишиле од слобода Н.Н.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.03.2020 во 23.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Даутица“, ги лишиле од слобода Ј.А.(27) и Н.Н.(25), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.03.2020 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, при извршен преглед кај А.К.(32) од Скопје, пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“ стои во полицискиот извештај.