Прегазен пешак (60) во Радовиш

0
151

Вчера во 18,10 часот било пријавено дека во Радовиш на ул.“Илија Алексов“ патничко моторно возило “Опел Корса“ со радовишки регистарски ознаки управувано од А.Е.(62) од Радовиш удрило во пешакот С.Ј.(60) од Радовиш.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.