Преписка меѓу Христијан Мицкоски и генералниот секретар на Владата, Рашковски

0
71

Во текот на вчерашниот организиран спровод на нашите жители од странство во државен карантин, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку апликацијата „телеграм“ водел преписки со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Преписката денеска беше обајвена на владиниот сајт. Мицкоски му пишува на Рашковски дека владините активности се срамни, а луѓето кои го организираат спроведувањето на патниците ги нарекува лопови.

„Мицкоски: Ти се грижиш за народот…вие за грижите само за милионите што ги крадете.

Рашковски: Имам дозвола оваа комуникација да ја објавам?

Мицкоски: Лопови.

Рашковски: Да ти објаснам, иако не заслужуваш. Летот се плаќа од буџет, а патниците ги враќаат парите во беуџетот. Нема тука крадење.“

Од Владата преку соопштение реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз институциите.

„Мицкоски да престане да врши притисок и да клевети и сите предлози на неговата партија да ги достави преку претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Владата. Доколку има каков било сомнеж или доказ за каква било злоупотреба, истиот веднаш да го пријави до институциите на македонскиот систем“, велат од Владата.

Извор Алсат