Притвор за дилерот од Булачани кој произведувал и продавал марихуана

0
117

Овластени службени лица извршиле претрес и во домот на осомничениот во скопско Булачани, каде била пронајдена лабараторија за производство на наркотична дрога марихуана.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за 27-годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик.

Дрогата била пронајдена од полициски службеници кои на автобуска постојка во Хиподром извршиле личен претрес на осомничениот и на возилото Опел Вектра кое го управувал. Пронајдени биле повеќе паковки со наркотична дрога марихуана, два шприца со течна материја и една дигитална вага со остатоци од дрога.