СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со различни предлози за надминување на кризата со вирусот

0
80

Зоран Заев вели дека владејачкиот СДСМ останува на предлог-мерката јавниот сектор да зема минимална плата, но вели дека Владата е таа што треба да пресече дали ќе се прифати предлогот. Смета дека административниците можат да издржат во април и мај со плата од 14 500 денари, оти и плаќањето на кредитите ќе се замрзне, а извршителите стопираат со наплата до крајот на јуни.

Државата на крајот е едно семејство. Ние мора да се договориме сите заедно. Дали дел од тоа семејство ќе го понесе на плеќи, а другите не, или сите заедно ќе го понесеме на плеќи. Во такви околности стојам зад тоа што сум го кажал заради тоа што има сериозна суштина за да дојдеме до таков момент тоа да го кажам – изјави Зоран Заев – претседател на СДСМ.

Мицкоски вели дека е подготвен да подаде рака со конкретни предлози до Владата за надминување на кризата. Покрај задолжувањето, Мицкоски предлага и парите од вториот задолжителен приватен пензиски фонд да се пренаменат за справување со кризата.

Од друга страна пак, им порачува на министрите да не креваат паника дека ќе немало пари за администрацијата, и ако не знаат како, да се повлечат од позициите.

Јас подавам рака. Подготвен сум, ако треба, да дојдам во Влада да ги презентирам решенијата и, на крај, да ги спроведеме најдобрите мерки за граѓаните. Имаме три главни чекори за излез од кризата. И претходно дававме решенија кои беа прво одбивани, а потоа се спроведуваа – рече Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор Алсат