Се затвора граничниот премин „Прохор Пчински“

0
80

МВР соопшти дека Граничниот премин „Прохор Пчински“ од денеска од 7.00 часот согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид 19 ќе биде затворен за патници и возила.

Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин „Табановце-Прешево“.