Спасовски: Меѓународниот ден на жената е симбол на борбата за еднаквост на жените во целиот Свет

0
92

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, се обрати по повод денешниот празник 8. март, меѓународниот ден на жената.

„Денешниот празник, 8 март, Меѓународниот ден на жената, е симбол на борбата за сите права и за еднаквост на жените во целиот свет.

Празникот не повикува да продолжиме да ги совладуваме конзервативните и застарени принципи за улогата на жената. Да ги менуваме тие принципи и да останеме посветени на тоа сѐ до постигнување на целосната правична родова еднаквост.

Постигнувањето на еднаквоста бара постојаност и упорност од сите нас.

Клучна улога во тој процес имаат доброто образование, особено темите за родова еднаквост и недискриминација.

Посебно место меѓу приоритетите се и економската и социјалната рамноправност.