Турските и руските сили се избегнуваат во Сирија

0
109

Ескалацијата на тензиите во северо-западната сиријска провинција Идлиб, нема да доведе до директен судир меѓу Русија и Турција, а малку е веројатна и интервенција на Соединетите Држави или НАТО. Ова е оценката на турскиот аналитичар Ојтун Орхан од Центарот за Блиско-источни студии.

Според актуелните случувања, Орхан смета дека Турција и Русија избегнуваат да се конфронтираат во Сирија.

Турското Министерство за одбрана стави јасно до знаење дека нивната операција во северна Сирија е насочена исклучиво против сиријските вооружени сили. Истовремено, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија нема намера да влегува во војна со никого. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во четврток ќе ја посети Москва, при што ќе има средба со Путин.