Чулев: Од полицискиот час се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, живото-загрозувачка состојба и лица кои имаат потреба од дијализа

0
84

Изјава на министерот за внатрешни работи Чулев:

Како што веќе знаете, на седница што ја одржа вчера Владата донесе одлука, почнувајќи од денеска, да се ограничи движењето на граѓаните. Одлуката е донесена на предлог на Комисија за заразни болести во Министерството за здравство.

Верувам дека скоро сите добро сте запознаени што значи тоа, но не е на одмет уште еднаш да потсетам дека со оваа одлука се забранува движење на граѓаните од 21.00 часот навечер до 06.00 часот следното утро. Тоа ќе важи секојдневно се до донесување на друга одлука на Владата. Ваквата одлука на Владата е пред се донесена за заштита на животот и здравјето на граѓаните, а потоа и за спречување на понатамошно ширење на Корона вирусот.