Воведено скратено работно време во Општина Македонска Каменица поради Ковид-19

0
77

Општина Македонска Каменица воведе скратено работно време за време на ново настанатата криза наметната од ширењето на вирусор КОВИД-19. Согласно заклучоците донесени на 23-та седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 19 март, а поради спречување на опасноста од ширење и зараза со Ковид – 10 вирусот, Општина Македонска Каменица, како што информираат надлежните, ќе работи со скратено работно време во периодот од 08:00 до 12:00 часот секој работен ден.– Претходно донесената забрана за влез на странки продолжува да важи. Поради тоа ги известуваме странките кои имаат потреба и соработка со ЕЛС Македонска Каменица, преку електронски пат да ни се обратат во наведениот период од денот, информираат надлежните.

Во меѓувреме, Јавното претпријатие „Камена Река” продолжува со дезинфекција на улиците во градот и селските средини.