Шест експлозивни направи најдени во близина на градежен смет во Тетово

0
74

Вчера попладне во 13 часот и 10 минути било пријавено дека покрај регионалниот пат Тетово-село Селце, покрај градежен смет, биле пронајдени две кумулативни мини и четири тромблонски моментни мини.

Истите биле безбедно подигнати од стручно лице од ДЗС-Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.