Шилегов: Го рушиме „Медицинар“ за да се направи простор околу Инфективна

0
89

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, предмалку соопшти дека екипи на терен го рушат домот „Медицинар“ во кругот на Клиничкиот центар за да се ослободи простор околу Инфективната Клиника.„Се ослободува простор за евантуална изградба на стационар за заболени до Ковид 19 доколку за тоа се појави потреба“, изјави Шилегов за Телма.

„Го рушиме Медицинар во Клинички центар за потребите на просторот околу Инфективна клиника.Го помагаме Министерството за здравство и Клиничкиот центар“ напиша Шилегов на неговата официјална страна на социјалната мрежа „Фејсбук“.