15-ГОДИШНО МОМЧЕ МЕЃУ ЧЕТИРИТЕ ПАЦИЕНТИ ОД ДЕБАР, СЕ ВЛОШУВА СОСТОЈБАТА НА ПРВАТА ПАЦИЕНТКА ОД ГРАДОТ

0
74

Првата заразена пациентка од Дебар е ставена на машина за дишење, најмладиот пациент заразен од коронавирус во Македонија е 15-годишно момче, тој со уште тројцата пациенти од Дебар денес се очекува да бидат префрлени на Инфективната клиника во Скопје. Сите ново заразени пациенти биле во контакт со претходно заразените жители.

Во тек се испитувања на 9 нови случаи, од кои 6 од кризниот регион во Дебар, еден странски државјанин и двајца домашни државјани кои се вратиле од Шпанија.

Министерот изјави дека дополнително ќе побараат од Владата целосно затворање на моловите, бидејќи тие се исклучително опасни за ширење на заразата. Тој информираше дека според Државниот пазарен и санитарен инспекторат одлуките за затворање на кафеаните, кафичите, кладилниците и казината се почитуваат на територија на цела Македонија, за пекарите пак кој вчера работеа и по 18 часот, но без маси за седење, е препорачано да воведат шалтерско работење и воопшто да не се влегува во објектите.

Сите граѓани се со мислите и срцата со граѓаните на Дебар и Центар Жупа, упати поддршка премиерот до жителите на двете општини во кои вчера беше прогласена кризна состојба. Притоа тој изјави дека сите производствени капацитети, маркетите, болниците, аптеките, банките и поштата во Дебар и Центар Жупа ќе работат по скратено работно време. Редовно по посебни протоколи ќе се врши и снабдување со нафта.