Во Албанија бројот на заразени од Коронавирусот се зголеми на 38

0
74

Бројот на заразени со Коронавирус во Албанија достигна 38 лица. Институтот за јавно здравје соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се пет нови случаи на КОВИД 19. Најголем број од заразените се во Тирана.

„До овој момент, 505 сомнителни случаи се тестирани, а потврдени позитивно со COVID – 19, се 38 случаи. Од потврдени позитивни случаи: Тирана 22 лица, Драч пет лица, од кои едниот почина, Лушња два случаи, Елбасан два случаи, Фиер пет случаи, Рогожина два случаи“, рече Албана Фицо, директор на Институтот за јавно здравје.

Албанскиот премиер Еди Рама во видео изјава ги предупреди граѓаните дека наредните недели се очекува да се зголеми бројот на заразените. Рама истакна дека само строгите мерки можат да го минимизираат ширењето на вирусот.

„Јас не сакам да ве исплашам или вознемирам, но имам должност да ве информирам. Следната недела ќе имаме повеќе заразени, а следните недели уште повеќе. Нема потреба од паника затоа што никој не може да избега од ова, ова е кривата на ширењето. Само во третата недела, на крајот на март и април, ќе можеме да видиме до каде сме стигнале ние, а каде непријателот“, вели премиерот Рама.