(Во живо) Прес на Венко Филипче од изолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва, во 2о.15 часот, ќе одржи прес-конференција, преку онлајн-видео комуникација.

На овој начин Филипче прв пат ќе држи прес-конференција, откако вчера присуствуваше на Кризниот штаб во Куманово, а денеска беше потврдено дека токму градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е позитивен на корона вирус.

Од денеска, министерот за здравство е во домашна изолација и ќе се обиде на овој начин да комуницира со јавноста.