Двајца доброволци во Британија ја примија тест вакцината против Ковид-19

0
27

На Универзитетот во Оксфорд, Британија денеска почна тестирањето на луѓе со вакцината против коронавирусот. Вакцината ја примија двајца доброволци, првите од вкупно 800 луѓе кои се пријавија за студијата.

Половина ќе добијат вакцина Ковид-19, а половина контролна вакцина која штити од менингитис, но не од коронавирус. Кој ќе прими вакцина, а кој контролна, ќе знаат само лекарите, а не и пациентите кои ја примаат вакцината.

Елиса Гранато, е една од двајцата што ја примија вакцината.

„ЈАС СУМ НАУЧНИК, ЗАТОА САКАВ ДА СЕ ОБИДАМ ДА ГО ПОДДРЖАМ НАУЧНИОТ ПРОЦЕС, КОЛКУ МОЖАТ, РЕЧЕ ГРАНАТО ЗА БИБИСИ.