Десет новороденчиња во Романија заразени со Ковид-19

0
102

Романските власти истражуваат зошто болница во градот Тимишоара не била затворена иако биле регистрирани 13 заболени од коронавирус меѓу персоналот. Тие пак најверојатно заразиле 10 новороденчиња.

Властите во Романија истражуваат породилно одделение во земјата откако 10 новороденчиња се заразија со коронавирус. Сомнежот засега е дека вирусот им бил пренесен од здравствените работници.

„Мајките беа негативни, но бебињата се позитивни на тестови па мораме да ги разгледаме нивните контакти со медицинскиот персонал“, изјави министерот за здравство Нелу Татару. Бебињата засега немаат симптоми и сите, освен едно, заминаа со своите мајки во домашна самоизолација.