Задолжителна домашна изолација после тестирање за коронавирус

0
124

„Задолжителна домашна изолација после тестирање за коронавирусот. Лицата кои ќе се тестираат влегуваат во самоизолирање се додека не ги добијат резултатите од тестот, и оваа мерка ќе трае до крајот на пандемијата“, рече премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

Тоа ќе значи дека секој кој ќе се тестира, ќе мора да биде во изолација се додека не го добие резултатот, и потоа од резултатот ќе зависи понатамошниот тек.

Оваа мерка беше донесена по случајот со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кога беше тестиран на коронавирусот, но се појави на кризниот штаб на градот на кој присуствуваа и премиерот Оливер Спасовски и министрите Бујар Османи, Венко Филипче и Арбер Адеми.