Зекири: Кога ќе прекине вонредната состојба почнуваат да течат изборните рокови

0
27

СДСМ во моментов не размислува за избори. Апсолутно пред се и над се е здравјето на граѓаните и ништо друго. Од здравствената ситуација од тоа како ќе се одвиваат работите со пандемијата со вирусот ковид 19 од тоа ќе зависи, вели потпретседателот и пратеник на СДСМ, Мухамед Зекири за ТВ24.

„Ние сме сконцентрирани како владејачка партија како да најдобро се менаџира ситуацијава во која се наоѓаме. А во однос на изборите.. уредбата на Владата е јасна дека се замрзнати роковите и во моментот кога ќе прекине вонредната состојба тогаш ќе продолжат 24-те дена“, вели Зекири.

Во однос на иницијативата на 35 пратеници за свикување на Собранието за да се верифукуваат одлуките на шефот на државата Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба во два наврата Зекири вели дека го чекаат официјалното изјаснување на спикерот Талат Џзфери.

„Собраните 35 потписи се сосема доволни, бидејќи Деволникот за ваква иницијатива бара минимум 20 потписи. Уставот предвидува дека во воена или вонредна состојба парламентот може да се свика“, вели Зекири.

„Не ми е јасно зошто опозицијата бега од свикување на собранието. Ако е точно, како што обвинуваат, дека власта практикува некакво самоволие, како ВМРО-ДПМНЕ да не е дел од власта, тогаш зошто не сака да се активира собранието? Во однос на ДУИ, би прашал кога се во право – сега или во 2016 година, кога неколку пати се враќаа во парламентот“, рече Зекири.

Извор Нова