Земјотрес од четири степени ја потресе Бих, почуствуван и во Хрватска

0
112

Земјотрес со јачина од четири степени по Рихтер во околу 13.30 часот ги потресол јужните делови на Босна и Херцеговина, а се почуствувал и во Хрватска.

Како што кажуваат податоците од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот бил на девет километри југозападно од Столац, на длабочина од два киломтери, пренесува порталот Кликс.

Хрватските медиуми јавуваат дека се почуствувал во Дубровник, Сплит и други места.