Луксембург почнува со тестирање на сите 600.000 жители

0
101

Тестовите ќе бидат доброволни, а оние што живеат преку границата во Германија, Франција и Белгија ќе можат да се тестираат и да дојдат да работат во Луксембург.

Околу 8.500 ученици и наставници ќе бидат тестирани пред училиштата да се отворат на 4 мај.

Најмалку 20,000 тестови можат да се прават секој ден, рече министерот.

„Наша цел е да го тестираме целото население, некои и повеќе пати“, истакна Меиш, додавајќи дека може да се направи за релативно кратко време затоа што земјата е мала.

Со оваа акција, Луксембург би можел да стане првата земја во светот што има целосен увид во бројот на заразени граѓани.

Според сегашните мерки, жителите можат да одат само на лекар, да работат во здравството и во продавница.

Луксембург има 3729 заразени и 88 смртни случаи.

Извор Канал5