„Не сум во категоријата најоптимистички луѓе, но не сум ниту песимист. Очекувам брзо закрепнување“, рече Орбан.
Мерките за карантин резултираа со губење на десетици илјади работни места, а Орбан враќањето на луѓето на работа рече дека е негов главен приоритет.
Неговата влада, рече тој, ќе се фокусира на заштеда на постојните и создавање нови работни места.
Со почетокот на мај, постепено ќе се олеснуваат мерките за што поскоро да се врати економијата во нормала, а ограничувањата ќе продолжат да важат за постарите и болните луѓе и оние кои живеат во големи градови и се изложени на поголем ризик од инфекција, рече премиерот.
Според него, Унгарија ќе го следи примерот на Австрија и постепено ќе ги отвора училиштата и бизнисите, па дури и баровите во блиска иднина.