Основачот на Твитер донира милијарда долари за борба против коронавирусот

Во серијата објави на Твитер, тој соопшти дека тој износ е 28 проценти од неговите средства. За да ја достигне таа сума, постепено ќе продава акции на својата друга компанија со седиште во Сквер специјализирана за дигитални плаќања.

„Кога се бориме против пандемијата, ќе пренасочиме пари кон здравствената заштита, образованието на децата и универзалниот приход“, додаде милијардерот, чие богатство „Форбс“ го проценува на 3,3 милијарди долари.

На овие две полиња, Џек Дорси гледа можно решение за „проблемите со кои се бори светот “.

Универзалниот приход го поттикнува зголемениот интерес на политичарите и претприемачите во време кога милиони луѓе ги загубија своите работни места како резултат на економската криза поврзана со коронавирусот.

„Тоа е генијална идеја што треба да биде испитана“, додаде тој.

Извор Канал5