Падна договор меѓу Вучиќ и Иринеј храмовите во Србија ќе бидат празни за Велигден

0
172

Храмовите во Србија, сепак, ќе останат празни во недела, по повод православниот Велигден. Ова е резултат на договорот меѓу претседателот Александар Вучиќ и српскиот патријарх Иринеј. Сепак, дали исходот од преговорите беше познат однапред – и дали Црквата навистина, како што тврдат, ги почитува мерките пропишани од Владата на Србија?, прашуваат дел од медиумите.

„Молбите на претседателот, како и нивното слушање, беа само игра, затоа што сè беше договорено“, вели социологот Дарио Хајриќ за телевизија Н1. Според него, симбиозата меѓу властите и црквата, во која државата финансиски ја помага, а за возврат добива благослов толку е силна што не може да се наруши дури и во вонредни околности.

„Убаво е да дојдеш во црква за време на големи празник, но ова е исклучителен момент во нашите животи и може на Господ да се молиме и во нашите домови“, вели поглаварот на СПЦ Иринеј, кој му препорача на народот да го прифати она што го велат луѓето од струката и да се приддржува на тие упатства.

„Оваа година ќе го прославиме Велигден на посебен начин, во посебни услови“, изјави патријархот во празничното интервју за„Блиц“.

„Му препорачувам на нашиот народ да го прифати тоа што го велат луѓето во професијата, кои го знаат проблемот што не задеси. Да се придржуваат до тие упатства. Убаво е да дојдеме на големи празници во црква, но ова е извонреден момент во нашите животи. Можеме и да му се молиме на Бога во нашиот дом, во таа домашна црква“, рече патријархот.

Подобро е во својот дом, додава тој, да ги насочите мислите и желбите и срцето кон црквата отколку да бидеме во црквата, и не знам за што друго да размислувам. „Ова е многу подобро. Секако, сето тоа ќе помине, па ќе му се молиме на Бога и во нашиот дом и во нашите цркви “, вели Иринеј.

Извор Нова