Пациент од Штип нападнал медицинска сестра на Клиника во Скопје

На 02.04.2020 во 12.10 часот во СВР Скопје, М.М.(23) од Скопје, пријавила дека на 01.04.2020 во 23.00 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ на бул.„Мајка Тереза“, додека била на своето работно место како медицинска сестра, била физички нападната од Д.А.(39) од Штип, кој бил на болничко лекување“ велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.