Пожарот во Чернобил се уште е активен досега се унишени 11 илјади хектари шума

0
29

Украинските пожарникари и понатаму водат борба со огнената стихија која на почетокот на април се појави во исклучената зона недалеку од нуклеарната централа Чернобил, каде на денешен ден пред 34 години се случи нуклеарната катастрофа.

Иако пожарот во еден момент бил локализиран, поради силниот ветер огнената стихија повторно се разгорела.

Во акцијата за гаснење на пожарот се вклучиле повеќе од илјада пожарникари и 250 единици на техника, вклучувајќи и два хелихоптери.

Нивото на радијација во Киев и областа околу градот е во граница на дозволеното. Пожарот во исклучената зона во моментот на појавување зафатил површина од околу 20 хектари, а потоа се прошилил на уште 15.

Екипата на пожарникари успеале да спречат да се прошири пожарот и на нуклеарната централа и на складиштата со радиоактивен отпад.