Полицијата уапси дилери на екстaзи, хероин и марихуана

0
115

На 24 април страна на полициски службеници од ЕНТ СКОПЈЕ постапено е по судска наредба и извршен е претрес на дом и други простории кај лицето Р. Б. од Скопје. При претресот во домот биле пронајдени една полиетиленска паковка со амфетамин 4.4 гр, 16 полиетиленски паковања со марихуана со вкупна маса од 486 гр., две дигитални ваги со остатоци од наркотични супстанции 20. 500 денари.

Лицето е лишено од слобода и за него е поднесена кривична пријава по итна постапка. Одреден му е 30-дневен куќен притвор.

На 25.04.2020 г.околу 10 часот на ул. во с.Трубарево од страна на УПС забележано е ПМВ Волксваген Пасат со рег.бр.СК 6269АФ такси возило и 2 лица, при што е постапено кон нивно легитимирање. Откако лицата ги забележале полициските службеници, истите влегле во возилото и непочитувајќи го дадениот знак да запрат, со голема брзина се дале во бегство во насока кон рампа Хиподром железничка пруга на ул. Благоја Стефковски, додека полициските службеници тргнале по нивна потера. Истите со намера да избегаат со возилото, преминале во спротивна насока од коловозната лента, престигнувајќи поголема колона со возила кои стоеле во место на спуштена железничка рампа и возилото удрило во крајниот дел од вагонот на возот кој сообраќал на железничката пруга. По што лицето кое седело на совозачкото место излегло од возилото и се дало во бегство, додека возачот е забележан како излегувајќи од возилото од себе отфрла: една една ќеса бела боја и една топка облечена со салотејп трака во кои има сто и дванаесет таблети со розева боја со лого S (Екстази), една кеса во која има илјада и две таблети сива боја со лого BIK (Екстази) , една кеса во која има седумстотини и педесет таблети сива боја со лого BIG ( Екстази), една кеса со бела грутчеста материја околу 80 грама (Амфетамин), една кеса со сива кристална грутчеста материја околу 5 грама. По извршеното легитимирање констатирано е дека се работи за лицето М. Х. роден 1977 Скопје.