Резултатите од тестовите за коронавирусот во Исланд покажуваат дека 50 отсто од случаите немаат симптоми

Постојат многу работи во Исланд на кои другите земји би можеле да му завидуваат: прекрасната природа, фактот што е една од најсреќните нации и масовното тестирање за коронавирус на населението.

Експертите велат дека сеопфатното тестирање е клучно за контролирање на вирусот и за создавање поточна слика за неговото ширење. Овој остров со 360.000 луѓе го прави токму тоа.

Од вторникот Исланд тестира повеќе од 17.900 луѓе – речиси 5 отсто од својата популација. И додека Националната универзитетска болница ги тестира луѓето со висок ризик или оние што покажуваат симптоми, речиси половина од тестовите во Исланд биле спроведени од компанијата „Дикоуд џенетикс“, која се фокусирала на пошироката популација.

Скрининг-програмата на оваа компанија ги прифаќа сите барања за тестови што не покажуваат симптоми и моментално не се наоѓаат во карантин – се вели во изјавата на Дирекцијата за здравје на Исланд, додавајќи дека фирмата го правела тоа по барање на главниот епидемиолог и здравствената агенција.