Турција со четиридневен карантин, над 110.000 заразени

0
101

Во Турција во последните 24 часа потврдени се уште 2.357 случаи со корона вирус, со што вкупниот број на заразени порасна на 110.130.

Денеска починаа 99 луѓе од последиците од ковид-19, а вкупно починале 2.805, покажуваат денеска објавените податоци од Министерството за здравство.

Турција е земја со најмногу заболени надвор од Европа и САД.

Од утре Турција најави четиридневен полициски час, најдолг до сега.