Филипче: Да знаевме дека членовите на кумановскиот кризен штаб очекуваат резултати поинаку ќе се организиравме

0
106

За вчерашната посета во Куманово ние немавме информација дека на членовите на општинскиот кризен штаб им бил земен брис и очекувале резулатати, откри министерот за здравство Венко Филипче. Доколку ја имале таа информација поинаку ќе се организирале, додаде тој.

Сепак имајќи во предвид дека одиме во таков регион, сите носевме маски. А, зошто не сме биле известени, одговорот треба да го барате од присутните таму, рече Филипче.

Министерот рече дека епидемиолошките анкети покажале оти ризикот за зараза бил мал.

Бројот на заболени што го имаме денеска не треба да изненадува, ова е бројка којашто ја очекувавме како што се доближуваме до пикот рече Филипче и апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките.