Филипче за Димитриевски: Има медицинска издржаност, затоа мора да се почитува инкубацијата од 14 дена

0
105

Mинистерот Венко Филипче уверува дека тестовите што се прават во земјава се релевантни. Тие што се прават во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се одобрени од Светската здравствена организација (СЗО), а тие во приватните лаборатории во земјава се исто така верификувани од стручната комисија на здравствените власти.

Ваквите појаснувања тој ги даде на денешната прес-конференција одговарајќи на прашањата што се покренаа откако вчера градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, објави дека направил два теста во приватни лаборатории и дека бил негативен, па побара и да се испита ситуацијата за да може да ја прекине самоизолацијата и да се врати на работа.

Негативизацијата на вирусот кај кумановскиот градоначалник, министерот ја објаснува со временскиот период помеѓу тестовите, како и моментот на зараза. Но, и покрај тоа што последните негативни резултати на Димитриевски се негативни, Филипче порачува дека изолацијата мора да се почитува.

„Има само претпоставки после колку време од тестирањето може пациент да се негативизира, имајќи предвид дека не се знае претходно колку тој бил носител на вирусот. Во конкретниот случај, знаеме дека разликата помеѓу двата теста биле негде 17-18 дена, со третиот тест уште дополнителни 10 дена, што е сосема доволен период еден пациент да се негативизира. Но, мерките се даваат за да се почитуваат и тоа е суштината заради тоа што зад секоја мерка има медицинска издржаност зашто тоа треба да биде така, односно инкубацискиот период да трае 14 дена“,

рече Филипче,

Извор 360°