Филипче: Ќе предложиме од утре да започнат казните за тие што не носат маски

0
29
Catholic faithful wear face masks as they arrive in St. Peter's Square at the Vatican for the weekly general audience on February 26, 2020. (Photo by Tiziana FABI / AFP) (Photo by TIZIANA FABI/AFP via Getty Images)

Голем дел од граѓаните не ги почитуваа мерките и не носеа заштитна прекривка на носот и устата деновиве. Поради тоа уште утре Комисиајата за заразни болести ќе предложи до Владата да се започне со казни, информира мМинистерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција.

„Стигаат пораки и фотографии од кои се гледа дека голем дел од граѓаните ги почитуваат мерките и не носат заштитни маски или несоодветно ја носат, ја држат во рака или сллично. Затоа ќе предложиме од утре , најдоцна задутре да се почне со казнување“, рече Филипче.

Се разбира има и такви, многу од нив што се со заштита на лицето и држат дистанца и на нив им благодарам што ги почитиваат мерките, нагласи Филипче.

Предвидената казна за неносење на маска, марама или шал, на јавно место изнесува 20 евра, а 2.000 евра е казната за компаниите кои нема да им обезбедат заштитни маски на своите вработени.