ФРАНЦУСКИ НАУЧНИЦИ: Дали никотинот помага во борбата против корона вирусот

Тим од француски научници планираат да ги тестираат никотинските фластери на пациенти кои се заразени со новиот корона вирус, како и здравствените работници кои се на првата борбена линија, откако една од нивните последни студии покажала дека пушачите многу помалку се изложени на ризик да се заразат со Ковид-19.

 

Студијата направена во една од најголемите болници во Париз сугерира дека супстанциите во тутунот, најверојатно никотинот, потенцијално можат да спречат, пациентите кои пушат да се инфицираат со новото заболување, пишува денеска Гардијан.

Клиничките испитувања на никотинските фластери чекаат одобрување од француските здравствени власти, но истовремено, научниците строго инсистираат на тоа дека ова истражување никако не смее да ги поттикнува граѓаните на пушење. Тие наведуваат дека тоа носи други потенцијално фатални ризици по здравјето и убива 50 отсто од пушачите.

Од една страна, можеби никотинот навистина спречува пушачите да се заразат од коронавирусот, но од друга страна, пушачите кои ќе ја добијат болеста развиваат најтешки симптоми поради токсичните дејства на чадот од тутунот, така што студијата ќе се прави само во наока да се изолираат супстанциите кои ќе помогнат во развивање на медикаменти.