На Детска клиника 26 вработени во самоизолација-онкологија со 8 заболени и 20 во изолација

0
81

Министерот Филипче, сепак рече дека радува фактот што расте бројот на излекувани пациенти и тоа охрабрува и е дополнителна мотивација за лекарите во болниците и за матичните лекари. Излекувани се вкупно 272 досега, а од нив најнови се 48, од кои шест се лекувале во болница и 42 во домашни услови

Клиниката за онкологија има до петок ќе биде подготвен новиот распоред за делење на терапија на пациентите по градови. На клиниката има 8 заболени медициснки лица и 20 се во самоизолација, информира министерот за здравство Венко Филипче.

„Заврши инспекција на Клиниката за онкологија, каде има осум позитивни вработени и 20 што биле во контакт со нив се во изолација. Работата таму е во фунцкија и е направена реорганизација. До петок или до понеделник ќе има нов распоред за делење на терапија за пациенти во Штип и во Тетово, како најголеми центри, за да не патуваат до Скопје.

Вкупно 26 медицински лица се во изолација на Клиниката за детски болести. Нема затворени одделенија, но намален е бројот на хоспитализирани пациенти. Таму нема новозаразени влаботени На оваа клиника заболени со КОВИД -19 се лаборант , медицинска сестра и докторка од одделот за имунологија.

Од денеска на Инфективна клиника на инфектолозите им се приклучи доброволно и кардиологот д-р Игор Палевски од универзитетската болница во Марибор, кој ќе волонтира во наредните две недели, а има големо искуство. Министерот Филипче се заблагодари за неговата поддршка.

„Тој познат интернист и кардилог и наредните две недели тој ќе волонтира во земјава. Неговоиот придонес ќе биде од значење на членовите на Инфективната клиника и на пациентите“, рече Филипче.

Извор Нова