Албанија од утре почнува со олеснување на рестриктивните мерки

0
164
Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Албанија од утре ќе почне со постепено олеснување на дел од рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на Ковид-19.

Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу, изјави дека стратегијата за постепено отворање е подготвена од Техничкиот комитет на експерти.

Оваа стратегија предвидува четири фази за постепено олеснување на мерките, кои се тесно поврзани со еволуцијата на инфекцијата „Ковид-19″ и степенот на нејзиното ширење.

-Почнувајќи од понеделник, 27 април, опсегот на движење за граѓаните ќе се прошири од час и половина на два часа ,одржувајќи ги безбедносните параметри на социјална дистанца, со што ќе се прошири можноста за вршење основни услуги во подолг временски период, рече министерката.