Бројот на починати на Балканот расте

0
93

Бројот на заразените и починатите од Ковид-19 се зголемува и на Балканот. Вчера попладне во Македонија беа соопштени информации за нови 46 заразени, со што вкупниот број достигна до 430, со 20 излекувани и 12 починати. Хрватска има повеќе од 1.000 заразени и осуммина починати, Србија околу 1.500 заразени и петпати повеќе од Хрватска починати. Водечки се Грција со повеќе од 50 починати и Турција, во која вчера бројот на починатите достигна до 425, а на заразените се зголеми на 20.300.