ВКУПНИТЕ ПРИХОДИ ВО БУЏЕТОТ ВО АПРИЛ НАМАЛЕНИ ЗА 38,15%

0
78

Пандемијата го втурна светот во криза каква што не е видена до сега, а Македонија не е исклучок од тоа. Државната каса не се полни како што е планирано иако сите очи, и на приватниот и на јавниот сектор, се свртени натаму и спасот го бараат од централниот буџет.

Податоците на УЈП покажуваат дека најголемиот полнач, данокот на додадена вредност или познатиот ДДВ од каде доаѓаат над 40% од парите со кои располага државата во март бележи пад на приходите од речиси 17% или 11,5 милиони евра во однос на лани. Во однос на планираното за годинава падот е дури 24%. Во март, кога и дојде корона вирусот кај нас, вкупните приходи паднале за 12%, а овој месец три пати повеќе.

„Од 1 април до 14 април има пад на ДДВ од 79 проценти, со назнака за зголемен поврат од 51,7 проценти, пад на данокот на личен доход од 6 проценти и пад на добивката од 9,97 проценти, или вкупно споредено со истиот период лани од 1 до 14 април 2019 г. има пад на приходите од 38,15 проценти“.“ – изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП.