Владата утре ќе го разгледува предлогот за скратување на полицискиот час

0
94

Владата утре на седница ќе ги разгледува предлозите за скратување на полицискиот час, како и за воведување на мерки за заштита. Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час секој работен ден да започнува во 19 часот наместо во 16 часот како што беше досега. Со ова, како што истакна министерот за здравство Венко Филипче, ќе се добијат дополнителни часови граѓаните да ги завршат обврските и да набават намирници.

Повозрасните граѓани да можат да се движат од 8 часот до 12 часот, а младите до 18 години од 13 до 16 часот. Предложено е полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и сега да почне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник во 5 часот. Останува забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во сила во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите.