Владата ќе му предложи на Пендаровски продолжување на вонредната состојба

0
93

Владата ќе достави предлог до Претседателот на државата за продолжување на вонредната состојба. Заклучокот е донесен на денешната владина седница.

Владата ќе му достави на претседателот извештај за активностите преземени до сега, во кои се напишани аргументи дека за успешно справување со корона вирусот во државата, потребна е вонредна состојба.

Предпладнево, претседателот Пендаровски рече дека се големи шансите вонредна состојба да се продолжи за нови 30 дена.