Глоба од 2.500 евра за лице кое ја прекршило самоизолацијата

0
77

Основното јавно обвинителство Скопје до судот поднело налог за кривично дело против едно лице кое ја прекршило смаоизолацијата од 14 дена.

Лицето на 17 март, при влез на граничниот премин Табановце, потпишало изјава дека ќе се самоизолира во период од 14 дена, бидејќи претходно престојувал во Словенија како ризична земја за ширење на заразната болест ковид-19. Но, тој не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на болеста, па на 25 март излегол од својот дом и бил во маркет.

Јавниот обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 25 евра во денарска противвредност.

За кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе и Барање за поведување подготвителна постапка за двајца малолетници, на возраст од 15 и 14 години.