Досега 533 граѓани добиле кривични пријави за непочитување на самоизолацијата и полицискиот час

0
86

Движењето надвор за време на полицискиот час и непочитувањето на мерките за самоизолација и карантин доведе до тоа 533 граѓани да добијат кривични пријави со вкупна вредност од неколку стотици илјади евра. Основното јавно обвинителство ги објави збирните информации за предмети во сите јавни обвинителства низ градовите во државата по членовите 205 или 206 од Кривичниот законик, како и по пријави за непочитување на мерките за спречување или сузбивање на опасната заразна болест корона вирус Ковид-19.

Заклучно со 7 април, најголем дел од граѓаните што добиле казни се поради непочитување на полицискиот час во сиот изминат период. Паричната казна во износ од 2.000 евра е изречена во најчест број на случаи за лицата што не ја почитувале забраната за движење во изминатите денови. Сепак, вкупната сума што ќе ја инкасира државата од ваквите казни не може да се увиди од достапниот документ на Основното јавно обвинителство, поради фактот што во некои предлози за казни се наведени единствено бројот на дневни глоби, без да се наведе вредноста во евра на секоја од нив.