И во Кочанската болница регистрирано првото медицинско лице заразено со корона

0
81

Прв позитивен здравствен работник и во Кочанската болница. Лекарка интернист се инфицирала при контакт со пациент позитивен на Ковид-19. Таа е една од двата случаи кои денес се пријавени во Кочани. На барање на епидемиолозите во самоизолација се ставени и нејзина колешка лекар интернист, хирург и анестезиолог.

Од Кочанската болница информираат дека за пациентите на интерното одделение се грижат специјализантите, а потешките случаи ќе бидат препраќани во Штипската болница. Велат дека ова е голем удар за кадровскиот потенцијал, зашто се болница во која се примаат пациенти од Кочани, Виница и Малешевско – Пијанечкиот регион.

Според епидемиолошката анкета, нема да се тестира останатиот персонал на интерното одделение, зашто докторката била соодветно заштитена. Во источниот регион досега по контакт со пациенти заразени се вкупно осум здравствени работници, од кои шестмина се во Штипскaта, еден во Кочанската болница и едно лице од здравствениот дом во Пехчево.

Извор Сител