Локомотива удри во „голф“ кај Сарај, еден повреден

0
82

Скопјанец со телесни повреди е пренесен во болницата „8 Септември“, откако во неговото возило удрила локомотива на железничкиот премин кај Сарај.

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 15.04.2020 во 12.35 часот било пријавено дека на патниот премин Сарај – Кондово, на железничката пруга Скопје – Тетово, се случила железничка незгода во која учествувале локомотива ТМД-Рабел управувана од Ќ.Ќ.(56) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобил возачот на возилото, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 14.55 часот, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР-Скопје.