Од утре олабавување на полицискиот час – забраната за движење ќе почнува од 19 часот

0
88

Од утре забраната за движење за граѓаните од Северна Македонија ќе биде намалена за три часа, односно полицискиот час во работните денови ќе започнува од 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро, соопштија од Владата по одлуката на денешната седница.

Во сабота за граѓаните полицискиот час ќе почнува од 15 часот и ќе трае до 05 часот во понеделник, што значи дека неделата ќе биде со целосна забрана за движење.

Истовремено се олабавува забраната движење и за младите до 18 години, кои во работните денови ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а во сабота од 12 до 15 часот.

Лицата над 67 години во работната недела ќе можат да се движат од 05 наутро до 12 часот на пладне, додека во сабота дозволено ќе биде движењето од 05 до 11 часот наутро.

Од Владата повеќе детали најавија на прес-конференцијата која ќе почне во 17 часот.