Во Србија потврдени 224 нови случаи, четворица починале од вирусот

0
114

Србија за осум недели тестирала вкупно 48.636 лица и регистрирала 7.114 заболени пациенти, дека од епидемијата на коранавирус починале 134 пациенти, српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

„Во изминатите 24 часа, во Србија се потврдени 224 нови случаи на коронавирус по извршени 3.266 тестови, а четворица починаа“, рече Лончар на прес-конференција.

Од избувнувањето на епидемијата се заразени 7.114 лица, а 134 починале.Од вкупно 3.266 пациенти кои се во болница, 103 се на респиратор, а вкупно 1.025 се излечени.